Get In Touch

Blog Details

istockphoto-2148602147-612x612

Еволуција на Фибер Ласерот: Од Откритие до Индустриска Примена

Како започна сè?

Фибер ласерот е една од најзначајните иновации во ласерската технологија, која овозможува прецизност, енергетска ефикасност и долготрајност. Почнувајќи во 1960 година со откритие на првиот функционален ласер од страна на Теодор Мејман, технологијата на ласерите е постојано развивана и оптимизирана.

Првите чекори за создавање на фибер ласерот

Во 1963 година, Елиас Сниџер го демонстрирал концептот на фибер ласер користејќи оптичко влакно допирано со ретки земјени елементи, поставувајќи темел за идните достигнувања во индустријата.

Технолошки напредок и пробив

Во 1980-тите, Давид Пејн го развива ербиум-допираниот фибер засилувач (EDFA), што доведува до значителни подобрувања во стабилноста и моќноста на фибер ласерите. Оваа иновација е основа за денешната примена во телекомуникации и индустрија.

Индустриска примена

Во 1990-тите, IPG Photonics го усовршуваат фибер ласерот, овозможувајќи неговата широка примена во металообработка, автомобилска индустрија, авијација, медицина и микрообработка.

Фибер ласерите денес – Технологија на иднината

Со развојот на високо-прецизни CNC машини, фибер ласерите се столб на модерното производство. Нивната ефикасност, брзина и адаптабилност ги прават идеални за обработка на материјали со висока прецизност.

ProAxis Innovation и Фибер Ласерите

Како дел од оваа технолошка револуција, ProAxis Innovation активно развива фибер ласерски системи интегрирани во нашите CNC машини, овозможувајќи на клиентите највисок квалитет на обработка на метали.
Работиме на создавање на нов Фибер Ласер, кој  ќе го унапреди  производствениот процес и ќе постави нови стандарди во индустријата.

Започнете со иновации денес!

ProAxis Innovation е ваш партнер за најсовременото производство.

Контактирајте нè денес за да дознаете повеќе за нашите иновации и решенија  поверзани со Фибер ласер !

Leave a Comment