Get In Touch

Blog Details

wisconsin manufacturing & technology show 1

ProAxis Innovation блескаше на саемот во Висконсин – 2024 година

ProAxis Innovation имаше голема можност  да ја покаже својата успешна работа, како  и напредни решенија на престижниот Wisconsin Manufacturing & Technology Fair. Овој настан ги собра индустриските лидери, иноватори и љубители на производството, што претставува совршена платформа за да го покажеме зошто сме на челото во производството на CNC машини и индустриски услуги во регионот.


Презентирање на напредни CNC решенија

На саемот, гордо ја претставивме нашата машина CNC Arrccuter Plasma PA153 V2, позната по својата прецизност и ефикасност. Но тоа не беше сè—исто така ги претставивме  нашите производи како :

* CNC Бивер –  Нашите CNC бивери се дизајнирани за прецизно сечење, гравирање и обликување на различни материјали, нудејќи неспоредлива точност и разновидност за сложени производни задачи. Идеални за дрво, метал, пластика и друго, тие ја зголемуваат продуктивноста во која било индустрија.

* CNC M1 и M2-  машините кои се направени за задачи со висока прецизност, обезбедувајќи исклучителни перформанси и во мали и големи операции. Со напредните контролни системи и робусната конструкција, тие обезбедуваат резултати со врвен квалитет во широк опсег на апликации.

* CNC Ласери: Нашите ласери со високи перформанси нудат брзо, прецизно сечење, гравирање и обележување на материјалите, поставувајќи нови стандарди за брзина и точност. Овие машини се совршени за индустрии кои бараат сложени дизајни со висок степен на прецизност.

Исто така, на посетителите им го претставивме нашето најново развојно решение: современата фибер ласер машина. Овој возбудлив проект ќе постави нови стандарди во брзина, прецизност и флексибилност при обработка на материјали.

Создавање на врски и поттикнување иновации

Wisconsin Manufacturing & Technology Fair ни овозможи да се поврземе со индустриски професионалци, да истражуваме потенцијални партнерства и да научиме за новите трендови во производството и технологијата. Посетителите на нашиот штанд беа фасцинирани од флексибилноста на нашите производи и нашата посветеност кон прилагодените решенија.

Истовремено, се вклучивме во значајни дискусии за одржливоста во производството—основна вредност за ProAxis Innovation. Нашата посветеност кон создавање ефикасни, еколошки свесни процеси беше тема која предизвика голем интерес меѓу посетителите.

Погледнете ги најдобрите моменти

Почувстувајте ја енергијата и возбудата од саемот со преглед на најдобрите моменти од настанот!

Погледнете го видеото тука: Кликнете за да гледате

Поглед напред

Нашето искуство на Wisconsin Manufacturing & Technology Fair беше навистина инспиративно. Возбудени сме што можиме да продолжиме да ги поместуваме границите на иновациите и да им обезбедуваме напредни CNC решенија на нашите клиенти ширум светот.

Следете не за повеќе новости додека продолжуваме да го поттикнуваме напредокот во индустријата за производство.

Leave a Comment