Овој Октомври, тимот на Проахис Иноватион, имаше привилегија да присуствува на реномираниот саем Fabtech во Орландо, Флорида.
Како еден од водечките светски настани за ваков вид на технологија, Fabtech ги обедини професионалците од целата индустријата, иноваторите и компаниите се со цел да ги претстават најсовремените технологии и решенија кои ја обликуваат и диригираат иднината на производството.
За тимот на Проахис Иноватион Битола, ова беше фантастична можност да се поврзе со глобалната производствена заедница, да сподели знаења и исто така да ги открие најновите достигнувања во CNC технологијата. Од иновативни машини и алатки за автоматизација до револуционерни софтверски решенија, саемот ја нагласи насоката во која се движи индустријата – и тоа е возбудливо и интересно за секоја компанија а секако и за на!
За време на посетата, бевме инспирирани од генијалноста на присутните компании, многу од нив се лидери во подобрување на ефикасноста, прецизноста и одржливоста во производството. Исто така, гордост ни беше што имавме можност да се поврземе со колегите и да ги дискутираме иновациите кои Проахис Иноватион ги има воведено на пазарот на CNC машини, особено нашиот водечки производ – CNC плазма машината.
Ова искуство ја зацврсти нашата посветеност да ги поместуваме границите и да создаваме решенија кои ги зајакнуваат бизнисите ширум светот. Од FabTech си заминавме со нови идеи, вредни партнерства и посилна мотивација да продолжиме со иновации за нашите клиенти и за целата индустрија.
Погледнете ги најинтересните моменти од нашата посета на Fabtech Орландо во овој видео-запис, каде што успеавме да ги доловиме сите инспиративни, иновативни и колаборативни моменти.